Македонија се брани, Муслиу и ВАР спречија водство на Чешка

Нема гол по првото полувреме на пријателскиот натпревар помеѓу фудбалските репрезентации на Чешка и Македонија.

Чесите беа поблиску до водство, но во 19-тата минута Цоуфал не ја искористи грешката на голманот Димитриевски и кога имаше празен гол пред себе, шутираше во Муслиу, кој спречи сигурен погодок. Неколку минути подоцна Шик даде гол, но судиите видоа дека имало офсајд-позиција на асистентот Кухта, а тоа се потврди и со ВАР-технологијата.

Нашите фудбалери упатија само еден шут кон противничкиот гол, а во најголем дел од првите 45 минути се бранеа, па резултатот 0-0 против учесникот на ЕП 2024 може да се каже дека е добар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести