Украина води со 1:0 по првото полувреме против Македонија во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство в кое следната година ќе биде во Германија.Ѓорѓи Судаков погоди за радост на украинските навивачи на дуелот во Прага и тој погодок може да го видите ТУКА.
Украинците подобро го отворија мечот и имаа две големи шанси, но македонскиот голман Столе Димитриевски спасуваше сигурни погодоци по шутевите во 12 и 17 минута.
Во меѓувреме Барди го имаше првиот шут за Македонија, но неговиот удар заврши покрај голот. Потоа Миовски биеше во рамките на голот, но голманот на Украина одбрани. Во продолжение на мечот, Украина постојано напаѓаше и создаваше шанси, а тоа им се исплатеше со погодокот по точно половина час игра.
Дури откако го примивме голот, Македонија заигра поофанзивно и создаде неколку шанси за гол, а најсериозната беше таа на Стефан Ашковски во 37 минута, но голманот одбрани. Две минути подоцна Барди се најде во шеснаесетникот на домаќините, но не успеа да упати шут.