Петте меча во Квотите на денот носат вкупен коефициент од 60.64 и сите се од европските квалификации.
Финска и Северна Ирска треба да одиграат натпревар на којшто ќе има погодоци во двете полувремиња, и тоа не повеќе од три гола. Коефициентот за оваа игра е одличен и изнесува 2.30.
Молдавија е домаќин на Албанија во меч на којшто се очекува гостите да не загубат и да постигнат барем два погодока, комбинација што носи квота од 2.35.
Полска не треба да загуби од Чешка на свој терен во дуел на кој границата на постигнати голови треба да биде од два до шест. Оваа игра се вреднува со коефициент два.
Квотите на денот не може да поминат без Италија и Македонија. Нашата репрезентација секогаш постигнувала најмалку еден гол во дуелите со Аѕурите, а така да биде и вечерва, носи коефициент од 2.55.
Данска не е фаворит против Словенија и тука се очекува победа на домаќините и во првото полувреме да има најмалку еден гол за да биде добитна квотата од 2.20.