Македонија секогаш ги има најдобрите навивачи: Ечи „Излези момче“ и во Дебрецин (Видео)

Македонските навивачи веќе се надалеку познати како едни од најдобрите кога се работи за ракометните првенства.

Фалангата секогаш е подготвена да ги бодри ракометарите, па и во Дебрецин има неколку стотина фанови кои без дилема пропатуваа повеќе од 1.000 километри за да може во живо да ги бодрат ракометарите кои со години ни носат многу радости и возбуда во јануари.

Навивачите се раштркани низ повеќе делови од градот, но веќе се создава препознатливата атмосфера. Во Дебрецин ечи неофицијалната македонска навивачка химна „Излези момче“.

- Оглас -

Најнови вести