Македонија сепак е ракометна велесила за Катар, со тимска игра до втор триумф на СП 2025

Ракометната репрезентација на Македонија го совлада Катар со 39-34 и ја извојува втората победа на Светското првенство 2025. Тимот на селекторот Кирил Лазаров ја прикажа својата најефикасна игра на ова првенство и тоа беше доволно за триумф кој барем до вечер ја остава Македонија со теоретски шанси за пласман во четвртфиналето.

Доколку вечерва Холандија загуби од Франција, што е реално, последното коло ќе решава кој освен Французите ќе оди во разигрување за титулата. Шанса чекаат и Унгарија и Австрија.

Македонија денеска одигра мотивирано, со решеност да се добие натпреварот и тоа придонесе да го контролираме дуелот во кој Катар водеше само еднаш, и тоа на стартот кога поведе со 1-0.

Кузмановски и Пешевски дадоа по 6 гола, Митев и Костески по 5, а Лазаревски 4, што покажува дека победивме со тимска игра.

- Оглас -

Најнови вести