Македонија си дочека мундијалски ривал по мерка и го декласира Алжир со двоцифрена разлика

Македонија ја забележа првата победа на Светското првенство во Полска и Шведска и тоа убедлива со двоцифрена разлика против Алжир во прбиот меч од таканаречниот Президент куп.

Во првото коло од утешното натпреварување што се игра за пласман од 25 до 32 место ги декласиравме Алжирците со 40:25.

Победникот беше познат по првото полувреме што го добивме со 19:11, а Македонија продолжи во одлично темпо и во продолжението за убедлива победа, по трите двоцифрени и разочарувачки порази во фазата по групи од Норвешка, Холандија и Аргентина.

Во второто полувеме имавме и максимални 16 гола предност, 39:23 и 40:24, но и триумф од 15 погодоци е одличен како утеха за лошите настапи во првиот дел на Мундијалот.

Жарко Пешевски со 7 гола беше прв стрелец и на мечот и во македонската репрезентација, шест даде Дејан Манасков, а сите наши ракометари што играа освен Гоце Георгиевски и Никола Марковски постигнаа голови, вклучувајќи го и голманот Никола Митревски кој еднаш погоди од гол на гол.

Ова е и историска победа на Македонија највисока на Светските првенства, а интересно е што и претходниот рекорд ни е против Алжир во триумфот од 32:19 на СП во 2009 година.

Во следниот меч противник ќе ни биде Тунис за два дена од 18 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести