Македонија остана на 68-мата позиција втор месец по ред и веројатно е дека тука и ќе ја заврши годината според рангирањето што го прави ФИФА.
Сега имаме 6 поени повеќе во однос на октомври, односно 1343, но нема ниту напредок, ниту назадување, иако игравме натпревари во Лигата на Нации.
И во топ 5 нема промени, па Белгија за еден бод е пред светскиот првак Франција како прворангирана фудбалска селекција на планетата.
Зад нив се Бразил, Хрватска и Англија, поредок на првите пет што е идентичен со октомвриската ранг-листа на ФИФА.
Португалија го замени Уругвај на шестото место, Швајцарија е осморангирана, пред Шпанија и Данска. Иако напредуваше за една позиција, Аргентина е за едно место надвор од топ 10.