28.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Македонија си одбра лесна група за младинското СП во Скопје

Македонската репрезентација за ракометарки до 20 години, на Светското првенство кое ќе се игра од 19-ти до 30ти јуни во Скопје, како домаќин на настанот, имаше привилегија да одбере во која група сака да биде, и РФМ се реши тоа да биде групата во која се уште Исланд САД и Ангола.

Македонија беше во вториот шешир, а најдобрите две од секоја група ќе одат понатаму втората фаза. Ќе има и пеколни групи како онаа во која ќе бидат Норвешка и Данска, или онаа со Франција, Германија и Шпанија, а и таа со Холандија, Романија и Бразил.

- Оглас -

Најнови вести