Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за две позиции на најновата ФИФА ранг лигата која е објавена денеска. Нашата селекција сега е на 67 место во светот со 1368,96 поени и ги прескокнавме селекциите на Грузија и Финска.
Напредокот на новото рангирање е благидарение на двете победи во последните два меча од Лигата на нации, кога во Скопје славевме над Летонија (1:0) и Фарски Острови (1:0).
Од селекциите кои ни беа ривали во Лигата на нации, Ерменија падна на 100 место, Фарски острови се на 137 позиција, а Летонија е на 140 место.
На врвот на светската листа нема големи промени. Светскиот првак Аргентина е лидер, а потоа следуваат Франција, Шпанија, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Италија и Германија која ја комплетира листата од Топ 10 национални селекции.