Македонскиот талентиран тенисер, Калин Ивановски, се пласираше во четвртфиналето на јуниорскиот Вимблдон за играчи до 18 години.
Во осминафиналната рунда, Ивановски го совлада Литванецот Бутвилас со 6-4, 5-7, 6-0. Македонскиот тенисер можеше работата да ја заврши и во два сета, водеше со 4-2 во вториот сет, но имаше кризен период од кој излезе по завршувањето на сетот.
Лани Ивановски во два сета го реши Бутвилас, а сега во три, но третиот беше без загубен гејм. Нашиот тенисер играше атрактивно, без страв, покажа карактер, и се најде меѓу осумте најдобри.
Следен противник на Ивановски ќе биде Словенецот Артнак или Шпанецот Роденас.