Македонија со 4:1 славеше против Казахстан

Македонската женска фудбалска репрезентација славеше со 4:1 во дуелот против Казакхтан, во второто коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2021 година. Избраничките на селекторот Кирил Изов тргнаа силовито уште од стартот, а тоа вроди со плод.

Наташа Андонова го отвори резултатот со гол во шестата минута, а до 30-тата минута веќе беше 3:0 за нашите девојки. Гентјана Рочи зголеми на 2:0, а Андонова со својот втор погодок потврди дека трите бода ќе бидат за Македонија, иако имаше да се игра уште повеќе од еден час.

Казахстан успеа да постигне почесен погодок во 73-тата минута, кога намали на 3:1, но да нема дилеми, само две минути подоцна и Рочи по вторпат се запиша во листата на стрелци за 4:1, што на крајот се покажа и како конечен резултат.

По две одигрни кола, Македонија сега има три бода, колку што имаат Австрија и Србија, но тие тоа го направија само од еден одигран дуел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести