Македонија со еден бараж може на Мундијалот во 2021 година

Македонија нема да мора да игра два баражи за настап на Светското ракометно првенство во 2021 година во Египет, како што првично се претпоставуваше и ќе игра само еден двомеч за настап на Мундијалот.

Ќе настапиме во втората рунда финални бараж двомечи во јуни годинава, а се уште не се знае дали ќе бидеме во групата со носители, или не, што е многу важно за да се добие полесен противник.

Во првата рунда бараж мечеви ќе играат Полска, Русија, Летонија и БиХ како најслабопласирани селекции на ЕП 2020 против репрезентациите што беа најуспешни во квалификациите, а тоа се Романија, Литванија, Турција и Израел. Победниците од овие двомечи ќе се приклучат во последниот филтер бараж дуели за настап на СП 2021 година.

- Оглас -

Најнови вести