35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Македонија со една измена во составот ќе ѝ се спротивстави на Чешка (Фото)

И официјално познати се стартните единаесетмина на репрезентацијата на Македонија за пријателскиот меч против Чешка во Храдец Кралове. Селекторот Благоја Милевски направи една измена, и тоа принудна, па на местото на Бојан Миовски во првата постава се најде Тихомир Костадинов.

Местото на Миовски во нападот ќе го зазема Елиф Елмас, а на местото на фудбалерот на Лајпциг во средниот ред ќе настапи Костадинов. Останатите фудбалери се истите кои го започнаа дуелот против Хрватска.

На голот стандардно е Столе Димитриевски, дефанзивната тројка ја сочинуваат Зајков, Муслиу и Велковски, на крилните позиции се Алиоски и Ашковски, во средината освен Костадинов, ќе настапат и Алими и Атанасов, а во нападот друштво на Елмас ќе му прави Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести