Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, ги одреди единаесетмината фудбалери кои од 20.45 часот ќе истрчаат на „Олимпико“ во Рим во дуелот со Италија во претпоследното квалификациско коло за пласман на ЕП 2024.
Милевски одлучи да тргне во формација 3-5-2, а нападот да го предводат Бојан Миовски и Елиф Елмас. Одбранбената тројка ќе ја сочинуваат Серафимов, Муслиу и Јанев, додека во засилениот среден ред ќе бидат Алиоски и Димовски на крилните позиции, како и Адеми, Барди и Елези.
Стартот на мечот е закажан за 20.45 часот.