Ненад Димитријевиќ и Ти Џеј Шортс ќе бидат во составот на македонската кошаркарска репрезентација на утрешниот натпревар со Полска од квалификациите за Евробаскетот 2025 иако Македонија веќе нема шанси да се најде на ЕП.
Повеќето репрезентации кои играа денеска, немаа на располагање евролигашки играчи, и утре ќе биде слично, така на пример во бугарскиот тим кој истотака ги загуби шансите за пласман на ЕП, го немаше Александар Везенков, но Димитријевиќ и Шортс остануваат и за завршниот дуел.
На популарниот Нено денеска му е роденден, наполни 27 години, па остана во Скопје, а селекторот Јончевски во договор со Димитријевиќ и Шортс ќе реши колку тие да играат против Полјаците.