Селекторот Благоја Милевски одреди формација 3-5-2 за гостувањето кај Фарски острови од 15 часот, со тоа што друштво во нападот на Миовски ќе му прават Елмас или Митровски од Вараждин како втор најистурен играч во шпицот.
Езџан Алиоски кој нема клуб, а досега редовно беше стартер, е ставен на клупата за резерви.
Пред Димитриевски е тројката Муслиу, Серафимов, Илјазовски, а во средина Димоски, Барди, Алими, Чурлинов и Митровски или Елмас.