Двете убедливи победи на македонската фудбалска репрезентација ќе ѝ донесат голем скок на светската ранг-листа на ФИФА. Нашата најдобра селекција во изминативе 10-тина дена најпрво победи убедливо со 5:0 на гости кај Ерменија, а потоа на арената „Тодор Проески“ со 3:1 го победи и Исланд.

Овие две победи и освоените шест бода, ја однесоа Македонија на второто место во групата од квалификациите, што значи и место во баражот за пласман на Светското првенство во Катар.
Според пресметките, Македонија ќе има 1.367,23 поени, па од сегашната 74-та позиција, ќе се најдеме на 67-мото место во светот.
Официјалната ранг-листа на ФИФА за ноември ќе се знае на 25 ноември, односно еден ден пред извлекувањето на противникот за полуфиналето од баражот за планетарниот собир.

