Македонија со иста мерка ѝ врати на Данска!

Македонската одбојкарска репрезентација го оствари ветувањето, а тоа е дека ќе се реваншира на Данска за поразот од пред неколку дена во Струмица. Нашите најдобри одбојкари денеска се радуваа на победа од 3:0 во сетови (25:23, 25:17, 25:).

Со овој триумф, Македонија се искачи на првото место на табелата со девет  бодови, еден повеќе од Данска, потоа следува Кипар со 4 бода, а Израел е последен со три бода.

Силно почна Македонија и во првиот сет освои осум поени по ред, но Данците вратија и стигнаа на поен негатива (12:11). Следуваше драматична завршница, а Македонија го доби клучниот поен за 25:23. Во вториот сет, нашите одбојкари постојано доминираа, водеа со 15:10, потоа и со 21:15, па на крајот лесно стигна до 25:17.

Во третиот сет, Македонија само продолжи во ист ритам и на крајот стигна до 25:21 за убедливи 3:0 во сетови. Александар Љафтов беше најефикасен со 23 директно освоени поени, а капитенот Никола Ѓоргиев освои 12 поени.

Следниот ривал на Македонија ќе биде Израел, против кого ќе играме утре. На првиот меч, Македонија славеше против Израел со 3:1, па се очекува и утре нов триумф.

- Оглас -

Најнови вести