Македонската ракометна репрезентација одигра одлично во првото полувреме против актуелниот светски и олимписки првак Данска во квалификациите за Европското првенство и води со 17:13 по првите 30 минути. Ова е прв меч на Македонија со Кирил Лазаров како селектор и капитен на теренот, а нашите ракометари не се уплашија против големиот ривал.
Данска прва даде гол, но тоа беше и нивно единствено водство во првиот дел. Македонија поведе со 2.1, па со 4:2 и константно ја имавмре предноста до 12 минута кога гостите израмнија на 7:7. Од тој момент следеше шоу на Македонија и со серија од 5:1 стигнавме до највисоката предност од 12:8 во 21 минута, а потоа и со 14:10 во 27 минута.
Филип Талески со пет гола е најефикасен кај нас, а потоа следуваат Велковски со 3 гола, Манасков 2, Лазаров 2, Пешевски 2, Стоилов 1, Миркуловски 1, Кузмановски 1 гол. Одличен беше и голманот Митревски со 9 одбрани.