Македонската машка кошаркарска репрезентација денеска ги започнува миниподготовките за претстојните квалификации за Светското првенство кое се игра во 2023 година. Нашата најдобра селекција ја очекува двомеч против Грузија. Најпрво на 24 февруари играме на гости во Тбилиси, а три дена подоцна е реваншот во Скопје.
Селекторот Драган Бајиќ нема да може да смета на неколку стандардни играчи. Дамјан Стојановски најави дека нема да игра во овој двомеч, а поради повреди останавме и без Андреј Магдевски и Адам Мекиќ.
Добра вест е тоа дека Ненад Димитријевиќ ќе биде во составот, но само за мечот кој ќе се игра во Скопје на 27 овој месец.
По првите две кола од квалификациите, Македонија е на последното четврто место во групата со два порази (по еден од Шпанија и Украина). Шпанците се први со 4 бода, по три имаат Украина и Грузија, а Македонија е на последното место.