12.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Македонија со пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од две места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денес. Двете нерешени резултати против Белгија и Казахстан ни донеса само +2,1 поен, а тоа значеше и пад од 63-тата на 65-тата позиција.

Лидер и натаму останува Шпанија, додека на второто место сега е Аргентина, откако ја мина Франција, која падна на третата позиција. Во топ-10 се и Англија, Португалија, Холандија, Бразил, Белгија, Италија и Германија.

Најголем напредок на октомвриската ранг-листа има селекцијата на Нигер, која „скокна“ девет места, а најмногу поени добија Фарските Острови – 37,95.

Косово го забележа најдобриот пласман за нив во историјата, 84-то место, додека Шведска е најголемиот губитник со -27,63 поени. Грција го има најголемиот пад, осум позиции.

- Оглас -

Најнови вести