37.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Македонија со помалку бодови, но со непроменет рејтинг на најновата ранг-листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија останува на 66-тата позиција на ранг-листата на ФИФА откако во октомврискиот прозорец загубивме од Украина (0-2) во квалификациите и ја победивме Ерменија (3-1) во пријателски меч.

Македонија изгуби 4,54 поени, за разлика од минатиот месец, но и тоа беше доволно за да се задржи позицијата што ја имавме. Пред нас на ранг-листата се Јужна Африка и ДР Конго, а одзади остануваат селекциите на Исланд, Црна Гора, Израел и Грузија.

На врвот нема промени, Аргентина останува лидер пред Франција и Бразил.

Од земјите од регионов најдобро котира Хрватска на 10-тата позиција, Србија е на 29-тото место, Албанија на 59-тото, Босна и Херцеговина на 63-тото, Црна Гора на 70-тото, Бугарија на 84-тото и Косово на 105-тата позиција.

 

- Оглас -

Најнови вести