23.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

Македонија со скок од пет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија напредуваше пет позиции на најновата ранг-листа на ФИФА и сега е на 62-рата позиција во светот. Победата над Казахстан на гости и ремито против Белгија на домашен терен беа доволни за нови 15,21 поени, со што ги минавме во рангирањето селекциите на Албанија, Јордан, ОАЕ, Буркина Фасо и Јамајка.

На првите пет позиции на ранг-листата нема промени. Аргентина останува лидер, пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил, додека Германија и Хрватска, кои напредуваа по едно место, ја исфрлија Италија од топ-10 репрезентации во светот.

- Оглас -

Најнови вести