Македонија со стил го прослави пласманот на ЕП, убедлива победа над Литванија

Женската македонска ракометна репрезентација убедливо со 34:24 ја победи Литванија и го потврди пласманот на завршницата на Европското првенство кое ќе се игра при крајот на оваа година. На крајот од овие квалификации, Македонија заврши на второто место со осум бода (четири победи и два порази), веднаш зад перфектниот лидер Шпанија, од кого ги претрпевме и единствените два порази.

Литванија само во првите 10-тина минути даде отпор кога беше 7:7. Потоа следуваше првата посериозна низа на нашата репрезентација кога поведовме со низа од 6:1, поведовме со 13:8, а на полуреме заминавме со предност од шест гола (18:12).

Во вториот дел, Македонија најмногу водеше со девет разлика 22:13, а при резултат 27:19, следуваше првиот посериозен пад во играта на Македонија. Гостинките со серија од 4:0 стигнаа до 27:23 во 47 минута, но едноставно македонските ракометарки не дозволија луксуз за непријатно изненадување и до крајот ја задржаа предноста за победа во мечот на кој се славеше пласманот на ЕП.

Седлоска и Ризоска со по шест погодоци беа најефикасни кај Македонија.

 

- Оглас -

Најнови вести