-0.2 C
Skopje
сабота, 20 декември 2025

Македонија стана полноправна членка во медитеранското ракометно семејство

На денешниот, седми конгрес на Медитеранската ракометна конфедерација, Македонија беше примена во медитеранското семејство како полноправна членка.


Конгресот на Медитеранската конфедерација се одржа во рамките на изборниот конгрес на Меѓународната ракометна федерација во главниот град на Египет, Каиро.

Македонија досега имаше статус на придружна членка.

Наредната година во февруари, на Медитерански шампионат во Приштина ќе играат пионерките, а ист ќе биде случај и со кадетите во април во Словачка.

Сениорите ќе бидат дел од Медитеранските игри во август во италијанскиот град Таранто.

- Оглас -

Најнови вести