Македонија стартува против Луксембург, јужниот сосед ќе ни гостува на прославата за пласман на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ги дозна противниците во квалификациите за пласман ан Европското првенство 2028, а тоа се селекции на Шведска, Грција и Луксембург.

Со оглед дека пласман на континенталниот собир обезбедуваат двете најдобри селекции, како и четири најдобри трети, реално е да очекуваме дека Македонија ќе го продолжи континуитетот на настапите на големите натпреварувања.

Европската ракометна федерација, ЕХФ, го објави и распоредот, па на почетокот од ноември годинава најпрво на домашен терен ќе го пречекаме Луксембург, а потоа ќе ѝ гостуваме на Грција.

Во март следната година ќе одиграме двомеч против првиот фаворит во нашата група, Шведска, а квалификациите завршуваат во мај 2027 година.

Тогаш најпрво ќе му гостуваме на Луксембург, а во последниот меч ќе ја пречекаме селекцијата на јужниот сосед, која се надеваме дека ќе дојде во Македонија да ни го честита пласманот на Европското првенство.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести