Македонија се брани од жестоките напади на Италија на „Ренцо Барбера“ и засега по 25 минути игра успева да ѝ одолее на тоталната офанзива на Аѕурите во бараж-мечот за пласман на Мундијалот во Катар.
Италија има огромен посед на топката од 63 проценти и постојано напаѓа, за среќ без значајна шанса за гол.
Македонија имаше одлична контра на почетокот на мечот, но згреши Александар Трајковски и додаде на погрешна страна наместо кон осамениот Дарко Чурлинов, кој беше во позиција за гол.