Женската кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во салата „Градски парк“ во Скопје ќе го одигра последниот меч од квалификациите за пласман на Светското првенство во 2027 година, а противник ѝ е Хрватска. Македонија е последна во групата и нема никакви шанси да мрдне од дното, додека Хрватска со победа сигурно ќе биде меѓу првите две екипи и ќе го продолжи патот за пласман на ЕП кое ќе се игра следната година.
Во претходниве шест дена, Македонија одигра два меча и на двата претрпе убедливи порази со над 50 разлика. Најпрво на 11 март на гости кај Данска загуби со 68 поени разлика (125:57), а три дена подоцна на гостувањето кај Грција поразот беше 54 разлика (101:47). Тоа значи дека вкупно на последните два меча Македонија загуби дури со 122 разлика.
Денеска ќе се играат вкупно 13 средби од квалификациите во седумте групи.
Мечот меѓу Македонија и Хрватска ќе започне во 18 часот, а може да го проследите на ЛИНКОТ.


