Македонската фудбалска репрезентација е во мисија да продолжи две рекордни серии. Во повеќе од тридецениската историја на нашата селекција, ова е прв пат да имаме пет победи по реди и во сите тие пет победи, да немаме примено ниту еден гол.
Денеска гостуваме кај Лихтенштајн, противник против кој реално и може да очекуваме двете низи за продолжат. Во претходните пет меча, Македонија ги победуваше фарски острови (1:0 дома), Летонија (1:0 дома и 3:0 на гости), како и Ерменија (2:0 дома и 2:0 на гости).
Последен пат нашата репрезентација кискираше на гости кај Фарски Острови кога беше 1:1. Тогаш гол примивме од пенал и тоа во деветата минута од средбата. Тоа значи дека дури 531 минута мрежата на голманот Столе Димитриевски остана незатресена. Така нека остане и по денешниот меч во Вадуз, па да се надмине и бројката од 600 минути без примен гол.
Македонија против Лихтенштајн досега одигра 11 мечеви и има речиси перфектен биланс. Се радувавме на 10 победи, а само еднаш било нерешено. Вкупната гол-разлика е 42 дадени и само шест примени голови.
Лихтенштајн е и репрезентацијата против која ја имаме и најубедливата победа. Во далечната 1996 година победивме на гости со неверојатни 11:1. Не мора сега да дадеме 11 голови, но важно е да победиме и ако може да биде без примен гол, за да продолжат двете рекордни низи на македонската национална селекција.