Иако нема шанса да оди во осминафиналето, за македонската репрезентација денешниот меч од 18 часот против Холандија во Амстердам нема да биде без значење. Од националниот тим се простува Горан Пандев, ова ќе биде последен меч за Црвено-жолтите на ЕВРО 2020 и тие ќе се обидат да одиграат без притисок и да освојат бод или три, кои на македонскиот фудбал ќе му донесат рејтинг поени и пари.
Холандија е голем фаворит и квотите во обложувалниците го кажуваат тоа. За победа на Македонија, коефициентот е двоцифрен. По поразите од Австрија и Украина, добро би било да се освои макар бод против селекција со која на нејзин терен имаме играно 0-0 во минатото. Македонија ќе ужива на последниот настап на Европското првенство.