Македонија тренира на Арената, на Муслиу тешко му паѓа што не може да помогне (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија во моментов тренира на Националната арена „Тодор Проески“, каде што утревечер од 20.45 часот ќе води битка со Летонија од Лигата Ц во Лигата на нациите и со бод или три би го обезбедила првото место во групата, кое носи преселба во поквалитетната Лига Б.

Милевски на располагање ги има сите коишто ги повика освен Висар Муслиу. Дефанзивецот го повреди (има скршеница) глуждот на гостувањето кај Летонија на 10 октомври и оттогаш нема играно, но дојде тука да им даде поддршка на репрезентативните колеги.

- Оглас -

Најнови вести