Македонската кошаркарска репрезентација го одработи првиот од трите предвидени тренинзи во Сарагоса, каде утревечер ќе гостува на Шпанија, во меч од петото коло во квалификациите за пласман на Светското првенство следната година.
Селекторот Драган Бајиќ и неговите асистенти ги имаа на располагање сите 12. кошаркари на кои смета за утрешниот дуел со актуелниот бранител на светската круна.
Македонија има четири порази во првите четири меча и реално против планетарниот владетел на гостински терен тешко е да се надеваме на чудо.
Утрешниот меч ќе се пренесува на каналите на Спорт Клуб.