15.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Македонија тргна со претпоследно место на Зимските младински олимписки игри

Мирко Лазаревски го заврши супер-велеслаломот на Зимските младински олимписки игри на претпоследното 56. место, а нов шампион е Швеѓанецот Адам Хофштед.

Нашиот прв претставник од вкупно петмина што ќе се натпреваруваат во Лозана имаше за 8.87 секунди послабо време од победникот.

Трката ја завршија 57 скијачи од вкупно 63 кои се пријавија за супер-велеслаломот. Лазаревски утре од 10.30 часот ќе се натпреварува и во слалом, а тој е единствениот македонски претставник во алпско скијање на Зимските младински олимписки игри.

Во Лозана ќе се натпреваруваат и Анамарија Зафировска и Дарко Крстески во биатлон и Михаела Даноска и Андонаки Костоски во крос-кантри.

- Оглас -

Најнови вести