24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Македонија У19 ги стартува квалификациите за ЕП, Украина е прв предизвик

Младата репрезентација на Македонија до 19 години денеска од 14.30 часот со дуелот против Украина ги започнува квалификациите за пласманот на Европско првенство кое следната година ќе се одржи во Северна Ирска.

Младите фудбалери се наоѓаат во групата 7 заедно со селекциите Украина, Летонија и Швајцарија. Според квотите, Украина ќе ја има фаворитската улога, но младите фудбалери најавуваат игра на победа.

„Свесни сме за шансата која ни се укажува, а тоа е можност за пласман на Европско првенство. Не знам дали некогаш повторно би имале можност да се бориме за нешто толку големо и значајно за Македонија. Знаеме дека нè очекува тежок натпревар против Украина, но ние сме подготвени, со нетрпение го очекуваме натпреварот и се надевам дека ќе оствариме позитивен резултат, смета капитенот Мартин Ѓоргиевски.

- Оглас -

Најнови вести