Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години е поразена и во вториот меч од елитните квалификации и ги загубија шансите за пласман на ЕП кое идната година ќе се одржи во Северна Ирска.
Подобри од македонските надежи беа Швајцарците кои славеа со 2:0 на мечот кој се играше на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“.
Швајцарците постигнаа по еден гол во двете полувремиња, Лиге во 12-тата минута и донесе водство на Швајцарија, а го отвори резултатот, а конечниот резултат го постави Бенеј во 80-тата минута. Во вториот меч од групата 7, Украина со 3:0 ја совлада Летонија.
По две кола, Македонија има два порази, освен од Швајцарија загуби и од Украина со 2:0 и во последното коло од квалификациите кое се игра во еднокружен систем, ќе игра против Летонија за избегнување на последното место, додека Швајцарија и Украина во меѓусебен дуел ќе одлучат која репрезентација ќе игра на ЕП идната година