Македонија У20 в среда ќе биде домаќин на Лихтенштајн У21, гостите најавуваат реванш

Македонската фудбалска репрезентација до 20 години се подготвува за дуелот против соодветната селекција на Лихтенштајн до 21 година, кој треба да се одигра в среда од 18 часот во Скопје. Овој меч всушност ќе биде возвратна средба по натпреварот кој се одигра пред четири месеци во Лихтенштајн, кога нашите фудбалски надежи победија со убедливи 3:0.

Никола Величковски во 52-рата минута погоди за водство од 1:0, а Димитар Данев погодуваше во 65-тата минута и во 78-тата минута за сигурна победа од 3:0. Официјално составот на Македонија со кој ќе настапи на дуелот в среда официјално уште не е објавен, а селекторот Александар Таневски сигурно ќе очекува нова победа на нашите фудбалери.

Гостите од Лихтенштајн се оптимисти и веруваат дека може да се реваншираат и да се обидат да победат во Скопје.

„Треба да се обидеме да напаѓаме почесто одзади, а откако ќе ја освоиме топката, да се стремиме да одиме напред што е можно побрзо. Дефанзивно треба да бидеме компактни и да го затвориме центарот. Овие натпревари се многу важни за младите играчи за да можат да се претстават на меѓународно ниво. Но, тие исто така се вредни како подготовка за претстојните натпревари“, рече селекторот на Лихтенштајн, Михаел Колер.

- Оглас -

Најнови вести