Сениорскиот национален тим со две победи ги заокружи гостувањата во Рига и во Ереван, а денеска натпревари имаат младите селекции на Македонија.
Фудбалерите до 21 година ќе играат на гости против Грузија и се надеваат дека ќе врзат два позитивни резултати во низа по триумфот дома против Молдавија.

Но, според квотите, Грузијците се фаворити на овој меч. Сепак, тоа не значи и дека момците на Драган Канатларовски не можат да изненадат.

Селекцијата до 19 години денеска (18 часот) се среќава против домаќинот Луксембург во третиот меч од квалификацискиот турнир. Квотите исто така се наклонети кон нашиот противник, но избраниците на Вујадин Станојковиќ секако можат да стигнат до позитивен резултат, според капацитетот со кпј располага нашата селекција.