Репрезентацијата на Македонија во пиклбол, спорт кој не е многу познат кај нас, првпат учествуваше на Европско првенство, а во составот на селекторот Зоран Леонтиќ како играч беше и Никола Перевски-Пере, познат како пејач на популарната музичка група Нокаут.
Пере од неодамна е и амбасадор на Македонската пиклбол асоцијација.

На ЕП учествуваа 32 селекции, а првенството се играше на култниот „Форо Италико“ во Вечниот Град.

Македонија не ја мина групната фаза, но самото прво учество е успех и ова искуство само може да помогне за во иднина.


