Македонија вечерва оди по 80-тата победа во својата историја и пласман во квалификациите за СП

По убедливата победа над Словачка, македонската кошаркарска репрезентација со зголемена самодоверба влегува во вечерашниот дуел со Швајцарците од 19 часот во „Јане Сандански“. Во првото коло Црвено-жолтите загубија од истиот противник, па сега избраниците на Драган Бајиќ имаат мотиви за реванш.

Победа за Македонија ќе значи пласман во квалификациите за Светското првенство 2023 година, а ако победиме над пет поени разлика, огромни се шансите местото во главните квалификации да биде со освоено прво место во групата во овој циклус, во кој нашата селекција игра ослабена и некомплетна, но со неколку млади играчи желни за докажување.

Во својата историја од 1993 година наваму, машкиот национален сениорски тим на Македонија во кошарка има 79 победи, вечерва јавноста го чека јубилејниот 80-ти триумф.

Според квотите во Sport Life, благ фаворит е Швајцарија, но тоа е само мотив плус да се типува на „двојка“ бидејќи квотата за триумф на македонската селекција е одлична.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести