7.8 C
Skopje
петок, 16 јануари 2026

Македонија вечерва против Данска ќе го постигне 1.000-тиот гол на европските првенства

Македонија е голем аутсајдер против домаќинот Данска, но од таборот на нашата репрезентација најавија дека борбата и желбата за докажување против најдобрите нема да изостане. Македонија е една од најстандардните селекции која е дел од завршниците на континенталниот собир и осми пат по ред ќе биде во елитното друштво, а девети пат вкупно.

Во досегашните девет настапи на ЕП, Македонија има одиграно вкупно 40 натпревари, а билансот ѝ е девет победи, шест нерешени и дури 25 порази. Вкупната гол-разлика е 988 дадени голови за Македонија, а 1.126 примени.

Според оваа статистика, јасно е дека вечерва против Данска, Македонија ќе го постигне јубилејниот 1.000-ти погодок на европските првенства. Тоа ќе биде 12-тиот погодок што Македонија ќе го постигне вечерва против Данска.

Колку за потсетување, првиот гол за Македонија на Европските првенства беше дело на Томе Петрески, на дебитантскиот настап на ЕП во 1998, во дуелот против Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести