Македонија веќе нема избор – Само победа против Чиле ветува пласман во втората фаза на Мундијалот

Македонија мора да го победи Чиле денеска од 15.30 часот, ако сака да игра во втората фаза по групи на Мундијалот во Египет.

Против јужноамериканската селекција игравме два тест дуели во Скопје непосредно пред стартот на Светското првенство, двапати го победивме Чиле, а и сега само таков исход ни гарантира настап во следната фаза по групи.

Ремито не е опција за нашата репрезентација, бидејќи имаме полоша гол-разлика од Чиле, по катастрофалните порази од Шведска со 32:20 и против Египет со 38:19.

Македонија е фаворит според коефициентите, за победа во Sport Life единицита е со квота 1.50, а и традицијата е на наша страна.

Против Чиле имаме одиграно три одицијални натпревари и на трите победувавме. На претходното Светско првенство Македонија славеше со 32:30, идентично два разлика за нас беше и на Мундијалот во 2013 година кога победивме со 30:28, а и на квалификациите за настап на олимписките игри во 2016 година бевме подобри и триумфиравме со 30:27.

Четвртиот меѓусебен дуел што ќе се игра денеска во Каиро од 15.30 часот е најважен и победата е императив за Македонија, ако сака продолжување на настапот во друштви на најдобрите 24 репрезентации на светот.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести