Драматичното реми од 1-1 помеѓу репрезентациите на Македонија и Велс од трибините на Арената „Тодор Проески“ го следеле 23.114 гледачи и тоа беше убедливо најгледаниот вчерашен меч во Европа во квалификациите, но и не е изненадување со оглед на тоа дека другите мечеви се играа во Молдавија, Црна Гора, Лихтенштајн, Гибралтар, а Израел беше домаќин во Дебрецин, Унгарија.
Иако беше објавено дека се продадени сите билети за мечот во Скопје, околу 25.000, сепак имаше празни места и некои со купени билети не дошле на стадион.
Источната трибина беше резервирана zа 2.000 велшки фанови, па не ни можеше да има 34.000 гледачи колку што е капацитетот на најголемиот стадион во Македонија.