Бордот на Европската кошаркарска федерација донесе одлука во 2023 година, Македонија да биде организатор на две Европски првенства во млади категории.
Кошаркарската федеација на Македонија истата година ќе го организира Европското првенство за кошаркари до 20 години – Б Дивизија, кое треба да се одржи од 7-16 јули во Скопје.
Скопје ќе биде организатор и на Европското првенство до 16 години – А Дивизија, кое треба да се игра од 5-13 август.