Македонија во 2023 година ќе биде организатор на две младински Европски првенства во кошарка

Бордот на Европската кошаркарска федерација донесе одлука во 2023 година, Македонија да биде организатор на две Европски првенства во млади категории.

Кошаркарската федеација на Македонија истата година ќе го организира Европското првенство за кошаркари до 20 години – Б Дивизија, кое треба да се одржи од 7-16 јули во Скопје.

Скопје ќе биде организатор и на Европското првенство до 16 години – А Дивизија, кое треба да се игра од 5-13 август.

- Оглас -

Најнови вести