9.8 C
Skopje
вторник, 18 ноември 2025

Македонија во Кардиф за 45 минути прими исто толку голови колку што прими на претходните седум меча вкупно

Македонската фудбалска репрезентација е во негатива од 1:3 на гостувањето во Кардиф против Велс, по првото полувреме. Ако Македонија во второто полувреме не успее да се спаси од пораз, ќе значи дека на крајот од квалификациите за СП 2026, ќе завршиме на третото место, а Велс ќе биде втор.

Лошо започна мечот за Македонија. велшаните тргнаа офанзивно а најголемите возбудувања се случија во период од 18 до 23 минута кога беа постигнати три гола. Домаќините поведоа преку Вилсон од пенал, откако Стојчевски несмасно фаулираше во шеснаесетникот.

Само три минути подоцна Брукс одлично реагираше по центаршутот на Џонсон и зголеми на 2:0. Овој гол може да го видите ТУКА.

Нашите фудбалери брзо се соземаа од двојниот шок, па по одличната асистенција на Дарко Велковски, напаѓачот Бојан Миовски погоди за 2:1. Голот на Миовски може да го видите ТУКА.

Велс ја врати позитивата од два гола кога Џонсон постигна спектакуларен погодок во 37 минута, кој може да го видите ТУКА.

Интересно е дека Македонија во претходните седум натпревари во квалификациите прими само три гола, а сега во Кардиф прими три погодоци во првите 37 минути.

- Оглас -

Најнови вести