Македонија во последната секунда загуби од Украина

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија загуби на гостувањето од Украина со 74:72 во меч од шестото коло во квалификациите за пласман на Европското првенство. По овој пораз, Македонија заврши убедливо на последното место во групата без ниту еден пораз. А, можеше да биде победа вечерва против Украина.

Standings provided by Sofascore

Дуелот започна со убедлива игра на Украинките кои поведоа со 20:7, а потоа во ниту еден момент до почетокот на последната четвртина немаа предност помала од шест разлика. Водеше Украина и со 71:64, а потоа следуваше одлична игра на Македонија и со серија од 8:0 стигна и до водство од 72:71, благодарение на тројката постигната на точно една минута до крајот.

Потоа Украинките погодија едно слободни за 72:72 на 45 секунди до крајот. Македонија во последниот напад не реализираше, па меч-топката остана за Украина. Во првиот обид домашните кошаркарки шутираа непрецизно, но се изборија за офанзивен скок и потоа беше направен фаул на 1,5 секунди до крајот.

Добиената втора шанса за поени за победа не беше пропуштена. Дубњук ги погоди двете слободни фрлања и на крајот Украина славеше со 74:72.

Со 33 поени Митрашиновиќ беше убедливо најдобар стрелец во нашата селекција. Николиќ постигна 13, додека Хемпе 11 поени.

- Оглас -

Најнови вести