Македонската кошаркарска репрезентација одигра одлично прво полувреме на гостувањето кај Полска и има водство од 47:38, во меч од второто коло во квалификациите за пласман на Европското првенство кое ќе се игра следната година.
Полска како кодомаќин на еврособирот има директен пласман на завршницата, а Македонија со Литванија и Естонија ќе се борат за две места кои водат на завршницата.
Полска започна добро и поведе со 14:8, а потоа следуваше одлична игра на македонските кошаркари. Со серија од 13:0, поведоа со 21:14, по првите 10 минути Македонија водеше со 25:19.
На почетокот на втората четвртина беше и 29:16 за избраниците на селекторот Александар Јончевски. Истите 13 разлика беа и кога Македонија водеше со 45:32, но потоа Полска со серија од шест поени во низа ја намали негативата, па на полувреме Македонија води со девет разлика.
Ненад Димитријевиќ со 19 поени е предводник на нашата репрезентација, а одличен е и центарот Хап со 10 поени.