Ракометната репрезентација на Македонија води со 19:15 на полувреме против Фарски острови, во реванш бараж-дуелот за пласман на Светско првенство. Македонија брка негатива од седум гола (34:27) која има имаше по првиот дуел одигран пред неколку дена во Торшавн.
Израмнето започна мечот во „Борис Трајковски“ и по десетина минути игра на семафорот стоеше 5:5. Македонија прв пат поведе со два разлика со 7:5, а гостите парираа и по 17 минути игра резултатот беше 10:9. Потоа следуваше најдобриот период на Македонија во првото полувреме.
Бодрени од секогаш верната и бучна публика во салата, Македонија со серија од 5:1 стигна до највисоки 15:10, а по 30 минути предноста на избраниците на Кирил Лазаров е четири погодоци.