Македонија воопшто ја нема, но прв фаворит за победа е земја од екс ЈУ

Вечерва во Малме ќе се одржи финалето на Евровизија. Музичкиот натпревар на кој учествуваат пејачи од речиси сите земји во Европ стигна до завршницата, откако претходно беа одржани двете полуфинални вечери.

Според популарноста на песните, но и според коефициентите кои се нудат во Sport Life, како најголем фаворит се издвојува преставникот на Хрватска. За победа на Baby Lasagna и песната „Rim Tim Tagi Dim“ се нуди квота од 1.75, што значи дека многу е голема веројатноста Хрватска да биде домаќин на Евровизија за следната година.

Најголемо внимание предизвикува настапот на Израел. Многу негодувања и дебати имаше околу тоа дали Израел трбаше да учествува оваа година поради војната која се води во Газа. Сепак, ако се остави на страна политиката и војната, од музички аспект, Израел е во Топ 3 фаворитите за победа. Израел заедно со Швајцарија имаат квота од 4.00 за победа.

Во понудата за обложување тука е и опцијата да се одбере која земја ќе биде најдобропласирана од одредени региони како што е Балканот, нордиските земји и која ќе биде најдобра од земјите кои се во Големите пет.

Има опција да се обложите и за тоа која земја ќе заврши меѓу најдобрите четири на крајот од гласањето.

- Оглас -

Најнови вести