32.8 C
Skopje
недела, 7 септември 2025

Македонија VS Лихтенштајн, епизода број 13: Рекорд кој ќе се памети, но и реми кое опоменува (Видео)

Македонија и Лихтенштајн низ историјата имаат одиграно вкупно 12 меѓусебни натпревари, а на 11 од нив победата ни припадна нам. Само еден меч заврши нерешено.

11-те победи против Лихтенштајн се рекордни за Македонија, бидејќи против ниту една друга репрезентација немаме двоцифрен број на победи, а рекордни се и 45-те гола кои им ги имаме дадено или во просек по речиси четири на секој натпревар. За разлика од 45-те дадени, на овие 12 натпревари Македонија има примено само пет гола од Лихтенштајн.

Секако, вечно ќе се памети и 09.11.1996 година, кога во Ешен победивме со неверојатни 1:11. Во Скопје имаме играно четирипати и секогаш победувавме убедливо, и тоа со 3:0 (1996), 3:1 (2003), 4:1 (2018) и 5:0 (2021). Еден домашен меч игравме и во Струмица и тогаш победивме со 4-0 (2017).

Сепак, дека не треба да има опуштање е опомената од 2002 година, кога во квалификациите за Европското првенство 2004, во Вадуц игравме само 1:1 и тоа е единствениот меч на кој Македонија не го победи Лихтенштајн.

- Оглас -

Најнови вести